Сашо Мијалков осуден на три години затвор, Мендух Тачи на 3 години и два месеци

Прва пресуда за Титаник 2 за злоупотреби во ДИК за поништување гласања во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Со овој предмет Сашо Мијалков ја доби првата пресуда по предмет од СЈО и му беа изречени три години затвор.

Мендух Тачи е осуден од 3 години и два месеци умислено го поттикнал Бедредин Ибраими да гласа за уважување на приговори на Вмро- дпмне, за избор на градоначалник во Струмица и овозможил повторно гласање во истата општина.

Бедредин Ибраими беше обвинет дека гласал за поништување резултат од гласање со тоа друг да добие можност за повторно учество на избореи доби 4 години и шест месеци.

Членови на комисијата беа :

Сашо Срцев, три години затвор

Влатко Сајковски, доби три години затвор

Анета Стефановска , три години затвор

Пресудата не е правосилна осудените имаат право на жалбаи. Обвинителката Фетаи бара посебни мерки за дел од обвинетите поради опасност од бегство.

Total
0
Shares
Поврзани објави