Сашо Мијалков е слободен падна пресудата за „Титаник 2“, Апелација ја укина

Апелациониот суд Скопје ги укинал пресудите за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ, неофицијално дознава „Сакамдакажам.мк“.

Според информации на порталот, пресудите биле укинати и предметот е вратен на повторно судење по насоки на Апелациониот суд поради суштествени повреди на постапката од страна на Основниот кривичен суд. Овој судски процес го водеше судијата Огнен Ставрев, а во судечкиот совет беше и судијата Осман Шабани.

Апелациониот суд не ја потврдил информацијата и оттаму изјавиле само дека одлуката била донесена, но не и напишана и дека е предвидено да биде објавена пред Нова година.

Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“, Мијалков беше осуден на три години затвор, Мендух Тачи – на три години и два месеца, Бедредин Ибраими – на четири години и шест месеци, Влатко Сајковски – три години, Сашо Срцев – на три години и Елизабета Стефановска – на три години затвор.

извор: sdk.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави