Само Ќосето пиша писмо до сопругата: “Чувај ми ги децата и мајка ми”

Моето веќе се виде Наташа, јас не верувам дека повеќе ќе можам да разгорам огниште, нема да има кога. Чувај ми ги децата и мајка ми, пишува Горан Ангелов во писмото до својата сопруга Наташа, испратил писмо еден од осудените за случајот 27 април кој доби 12 годишна затворска казна.

И други осудени се огласија преку социјалните мрежи повикувајќи се на правда или неправедна одлука, повикувајќи се на партија или минато и сегашност. Но само Горан Ангелов Ќосето и пиша на сопругата.

Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене. Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив. Тоа е Македонија. Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата. Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство. Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е. Не тагувај, да знаеш дека и покрај све, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија. Чувај ми се, Наташа, пишува Ангелов во писмото до сопругата и семејството што беше објавено на Фејсбук.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Јанкулоска: На 27-ми април со Миле јадевме и разговаравме за теми од наш интерес – во партијата ништо не се случуваше невообичаено

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска сведочеше за упадот во Собранието на 27-ми април. Јанкуловска потенцираше дека…