Русковска тврди дека Груевски купувал плацеви со парите на ВМРО-ДПМНЕ

Шест години Никола Груевски дел од донациите за ВМРО-ДПМНЕ ги депонирал на посебна оф шор сметка во Белизе и со нив купил неколку плацеви со вкупна површина од околу 11 илјади квадратни метри на Водно., тврди Вилма Рускоска, шефица на Обвинителството за организиран криминал.

„Пари кои му биле доверени во работата како претседател на една политичка партија, дел присвоил за себе. Донации од физички и правни лица не ги пријавувал во извештаите.“, изјави Рускоска.

На барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал денеска е уапсен кумот на Груевски, Ристо Новачевски, кој доби триесетдневен притвор, a спорните плацови се замрзнати.

Како осомничени во случајот за перење пари се и Сашо Мијалков, Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Според обвинителството, Мијалков знаел дека парите се стекнати на криминален начин и дека потекуваат од донации но сепак комуницирал со сопственик на фирма од Белизе.

На оф шор сметката биле ставани пари, а во мегувреме, фирмата ги сменила сопствениците и управителот меѓу кои биле и Камчеви и нивниот пријател Јосифовиќ.

Плацевите станаа актуелни кога во 2015 година опозоицијата објави прислушуваните разговори, меѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

„Знаеш што може да се направи, да се дигне потпорен ѕид за да не се гледа одоздола. Ќе гледаат во ѕид. Тоа ми текна. Едно 6-7 метри потпорен ѕид“, вели Груевски во разговорот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Заев во судница за “Монструм”: Можно е да сум рекол дека јавно ќе ги објавам материјалите, а после тоа не се случило…се предадов на СЈО

Зоран Заев денеска во судница даде исказ за случајот Монструм. Според неговото кажување имало транскрипти од раговори во…