Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска тврди дека Никола Груевски, кој е во бегство, е испитан за случајот „Плацеви на Водно“.

Русковска, за ТВ24 изјавила дека околу 1.3 милиони евра се префрлени од мајката фирма на Белизе на ќерката фирма овде, а знае кој датум и колку средства се префрлани.

„Сомнителните трансакции банките треба да ги пријавуваат. Мислам дека од кипарска банка се стигнати парите. Треба уште некои сведоци да сослушаме и предметот ќе оди на материјално-финансиско вештачење“, смета Русковска.

Се жали дека се ограничени со времетраењето на притворот, на 3 месеци

„Добро за нас е што првоосомничениот кој е недостапен во државава е испитан затоа што има дадено исказ конкретно за перење пари, пред да пребегне“ вели таа.