Обвинителката за организиран криминал, Вилма Рускоска, не се појави на денешното рочиште за случајот Рекет.

Наместо неа, сведокот Лиле Стефанова го испитува друг обвинител од нејзиното обвинителство. Стефанова е еден од клучните сведоци за случајот која треба да даде одговори во делот на работењето на Јанева и водењето на истрагата за Империја. Таа беше спомната дека била против одлуките на Јанева.

Денеска е присутна  адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, но не и другиот бранител, Дељо Кадиев кој се уште е болен.

(подоцна детали од сведочењето на еден од клучните сведоци)