Истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во моментот се во просториите на СЈО, дознава „Фокус“ од извори од обвинителството.

Тие имаат задача да обезбедат документација во врска со исплатата на бонусите кои се делеле во СЈО.

Како што веќе објавија медиумите специјалната обвинителка Катица Јанева по основ на додатоци си доделила 157.000 евра во текот на мандатот, додека другите обвинители зеле помеѓу 70 и 100 илјади евра.

izvor – Fokus.mk