Рускоска: Нема потреба да се правдаме за Чавков, семејството дематира имот во Грција, Груевски го брани од Будимпешта

Претседателката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, изјави дека нема потреба да се правдаат за притворот на Чавков, бидејќи Обвинителството постапува по известување од полицијата и дека нема причина да се сомнева на наодите на Бирото за јавна безбедност за опасноста од бегство на Митко Чавков.

Решението за одредување на притворот се базира на службена белешка од сознанија добиени од негов пријател, кој јавил дека Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му биде изречена пресудата за 27 април.

Овие наоди ги демантираше неговата ќерка, Зорица, која го повика обвинителството даги даде доказите дека нејзиниот татко поседува вила на Халкидики и дека планирал да бега. Таа на Фејсбук напиша дека станува збор за класична местенка, за која најави тужба, предупредувајќи дека за овој случај ќе бидат известени  сите меѓународни субјекти и амбасади.

“Ќе си лежи оној кој ја измисли вилата на Халкидики. Не знам дали тие што му дале задача, да измисли една таква службена белешка, му објасниле какви ќе бидат последиците према него. “напиша Зорица Чавкова, на Фејсбук.

И Груевски на ФБ го брани Чавков и обвинува дека кумановската група сериозно ги контролира затворите во државава. Еве дел од тоа што ги напиша:

1.Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот ,,Поткуп” каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од МВР со видео снимка се документираше и предаде на судот очигледен доказ кој потоа стигна и до македонската јавност која виде како градоначалникот Зоран Заев бара поткуп и објаснува како тоа е нормална работа во неговата општина.
Можам само да замислам под каква тортура и притисок во овие неколку години е и лицето бизнисмен кој го пријавил барањето мито во МВР.

И покрај легално стекнатите докази (видео снимка направена по налог на обвинител), судиите кои го водеа предметот Поткуп од кој едниот судија беше Добрила Кацарска го прогласија Заев за невин. Истите судии во случајот Тенк каде имаа нелегално стекнати докази (аудио материјали), кои беа копии не споредени со оргиналот, одбија нивно вештачење за нивната автентичност и целовитост и свесно го игнорираа Законот за приватност, без никакви докази, во постапка за која државната комисија за спречување дискриминација објави мислење дека судиите и судот воделе постапка во која ми била извршена директна дискриминација, на база на претпоставки и асоцијации мене и другите во предметот Тенк не прогласија виновни.

Истите судии во истиот период.

Самиот Заев две недели однапред во изјава објави дека судот ќе ме прогласи за виновен, а него за невин.

Трите случаи ги водеше ист судија, судијаката Добрила Кацарска: 27 ми април, Тенк и Поткуп.

Total
0
Shares
Поврзани објави