Рускоска: Јанева сѐ уште е во филмот на Чарлиевите Ангели

Денеска на рочиштето на „Рекет“, обвинителството, односнот Вилма Рускоска ги искажува завршните зборови за случајот. Таа уште еднаш напомена дека Катица Јанева се наоѓа во филмот на Чарлиевите Ангели.

„Обвинетата Јанева сѐ уште е во филмот на Чарлиевите Ангели. Но вистинскиот филм е борбата на доброто против злото“, рече Рускоска која што напомена дека Обвинителството доживеало разочарување кога клучниот лик преминал на страната на злото.

Рускоска истакна дека никој не може да замисли колкава сума на пари биле во прашање, кога Јордан Камчев дошол во обвинителството и раскажал што се случило.

„Мислев дека сум во еден лош сон. Износите на пари кои беа барани, не можеме ни да ги замислиме на сон, а не на јаве“, рече Рускоска.

извор: Курир.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави