Рускоска: Груевски ги дал директивите за 27 април

Обвинителката Вилма Русковска во денешните завршни зборови за 27 април откри што рекол загрозениот сведок кој својот исказ го даде претходно зад затворени врати.

Таа рече дека сведокот Ѕ1 посведочил дека упадот во Собранието се случило по директива на пребеганиот екс премиер, Никола Груевски.

-Сведокот Ѕ1 на главната расправа наведе дека Јане Ченто бил постојано во комуникација со Митко Чавков од кого добивал насоки во случај на влез во Собрание да се онеспособат камерите и бил информиран каде би можеле да се наоѓаат пратениците, во кој дел од Собранието. По настаните во Собранието, сведокот наведе дека Ченто и Нинџа биле лути на Чавков, дека ги организирал да влезат во Собрание по директива на Груевски, а сега ги оставиле на цедило – рече Рускоска.

Според загрозениот сведок, додаде таа, комуникацијата меѓу Ченто и Чавков се одвивала преку Вибер.

Мобилниот телефон со кој комуницирал поранешниот шеф на БЈБ, Митко Чавков, не бил запленет во истрагата за упадот во Собранието. Тој рекол дека наводно го изгубил по болниците, рече обвинителката Вилма Русковска во завршните зборови.

-Не може да се утврди со кого комуницирал обвинетиот Чавков затоа што поголемиот дел од комуникацијата се одвивала преку Вибер, односно преку интернет – рече Русковска.

Во своите завршни зборови обвинителката даде опсежна и детална анализа по хронолошка линија за се она што се одвивало критичниот ден. Таа рече дека кога масата народ ја пресконала оградата и влегла во Собранието, златната команда на МВР се наоѓала во штабот на ВМРО ДПМНЕ и била информирана за се што се случува, а не презела ништо.

-Ова укажува дека се што се случувало тој ден, не било случајно и дека се работело на тоа да не се повикаат дополнителни полициски сили – рече обвинителката.

Total
0
Shares
Поврзани објави