Рускоска го цитираше Гоце Делчев: “Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот…”

Обвинителството ќе докаже дека обвинетите кои седат во оваа судница изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство да спречат мирно примопредавање на власта како резултат на што беше настанот што се случи на 27 април 2017 година познат како „крвавиот четврток”, е дел од обвинителниот акт, што денеска во судница на рочиштето за судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април го прочита обвинителката Вилма Рускоска.

Основното јавно обвинителство ќе докаже дека обвинетите изготвиле план да ја загрозат државата за да нема мирно предавање на власта. Секој од овие обвинети е коцка од мозаикот. Ќе слушнете дека биле во штабот на критичниот ден. Ќе слушнете дека Вељаноски бил во Собранието и не знаел за никаков план, а Атанасовски дека бил на ракометен натпревар и таму дознал за немилиот настан. Ама не е така. Ќе слушнете поинакви сведочења и други докази.

За да се добие комплетна слика за овој настан, додаде таа, треба да замислите мозаик секој од сега присутните обвинети претставува една коцка. Истакна  дека доколку фали една коцка мозаикот е непотполн и токму нивните поврзани и усогласени дејствија го претставуваат тој мозаик.

Додаде дека досега само Александар Василевски Нинџа од осудените е предложен како сведок.

Рускоска воведните зборови ги заврши со цитат од Гоце Делчев.

Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа“.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. Сите изјавија дека не се чувствуваат виновни .

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”. Јанакиески, Ристовски и Атанасовски се во куќен притвор.

Според обвинителството, осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија” кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Адвокатот Дељо Кадиев: Членовите на Судски совет да дојдат во судница да ги докажат нивните препораки за безбедност во време на пандемија

По одлуката на Судскиот Совет и препораката да се одржуваат притворски предмети реагираат адвокатите кои секојдневно се во…