Рускоска: Ако Вељановски го исклучел микрофонот ќе се спречел крвавиот 27-април

Ако Трајко Вељановски побарал, службите веднаш ќе го исклучеле микрофонот на собраниската говорница и нема да можело да се пее македонската и албанската химна која доведе до ескалација на настаните и упад во објектот, е ставот на обвинителката Вилма Рускоска по денешното рочиште за организаторите на крвавиот 27 април. Беа сослушани сведоци кои кажаа:

Се јави за збор пратеникот Зекирија Ибраими и тој ја пееше албанската химна. Практика е да се даде збор на координатор на пратеничка група или заменик координатор а Ибраими не е. Претседавачот со собраниската седница можеше усно да побара да се исклучи микрофонот од говорница.- Сашко Коцевски, собраниски референт на системот за гласање.

Лица од поранешната УБК имале план за упад во законодавниот дом доколку се случи партијата победник на изборите во 2016та да замине во опозиција сведочеше Михаил Младеновски кој тврди дека пред нападот се случувале средби во кафулиња и канцеларии, освен сега обвинетиот поранешниот прв човек на УБК Владимир Атанасовски, рече дека присуствувале и други агенти од тогашната УБК како бегалецот Никола Бошковски и Дејан Димковски – Боксер.

На една од тие средби Никола Бошкоски ми кажа дека ќе се оди на некаков избор на претседател на Собрание и дека ќе се отпочне на форма на протести на коишто ќе треба да направат притисок, да не се дозволи партијата која победила на избори да ја изгуби власта. Ми кажа ако се случи таков настан, тогаш УБК има направено план за да се упадне во Собранието. Според поставеноста апсолутно стоеше ВМРО ДПМНЕ позади протестите на Заедничка Македонија.

На следото рочиште во среда како сведок ќе биде сослушан техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Катица го тужи Боки

Судскиот совет денеска одби дел од доказите доставени од обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како…