Пратеничката Фросина Ременски тврди дека е жртва на параполициски структури оти се фатла си машки полициски работи. Тврди дека се е последица поради кривичната пријава која што пред 6 години ја поднела против Силјан Аврамовски висок полициски функционер, а обвинителката Гордана Смаќовска оттогаш не дала одговор до каде е случајот кој го работи.

Таа прашува кое е улогата на директорот на УБК Горан Николовски кај кого бил пријавен Рекет и зошто истрагата воопшто не е насочена кон него.

Ременски по исказот кај Русковска очекува против неа да биде прекината постапката.

Не ја спори соработката со Боки13 и не тврди дека е измамена и изманипулирана како што тврдеше вчера неговата десна рака во Сојузот и телевизијата Јасна Мандиќ.