Бранителот на првообвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски рече дека моменгалниот состав на судечкиот совет во “Рекет” е незаконски.
Тој потенцираше дека на судијата поротник Вања Николова Штерјова и е истечен мандатот во 2019 година.
Судечкиот совет предводен од судијката Васка Николовска Масевска се повлече, за да го разгледа и реши проблемот. Рекет се наоѓа пред пресуда, а денеска требаше а започнат завршните зборови со обвинителката Вилма Русковска.