Рауфи: Дали се сеќаваш дека ни кажа дека Синиша Алексовски е автор на “Монструм”?- Заев : Не !

На крајот од судскиот процес за Монструм прашања постави и адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од обвинетите во “Монструм” .

Тој го праша Заев дали се сеќавал на еден состанок, на кој имало и претставници од меѓународната заедница.

Дали се среќавате на една средба, бевме 12-мина, имаше и претставници од меѓународната заедница, кога разговаравме за “Монструм”, праша адвокатот Рауфи, а Заев истакна дека сега се потсетил.

Тогаш адвокатот додаде:

А дали се сеќавате дека рековте дека  автор на предметот, на “Монструм” е Синиша Алексовски, праша Рауфи.

Заев одговори дека не се сеќава на такво нешто

Не се сеќавам да сум спомнал такво нешто. Може сум прочитал нешто, сум слушнал нешто, и затоа пак ќе кажам дека случајот треба да се истражи до крај, истакна лидерот на СДСМ.

Total
0
Shares
Поврзани објави