Некогашниот сопственик на А1 Велија Рамковски за ТВ 24 најавил дека ќе бара повторување на судскиот процец против него за да се види вистината дека Груевски ја затворил телевизијата.

Ваквото барање следи откако на социјлани мрежи беа објавени прислушувани разговори на високи функционери од претходната власт каде тие се договарат за начинот на затварање на телевизијата.

„Овие бомби го покажаа тоа што целиот народ го знаеше, дека Груевски исплете мрежа, пајажина за затворањето на А1. Во затворот, затворениците, службениците, полицајците, немаше некој на кого не му беше јасно дека сме затворени од Груевски. А целта беше, цел тој театар затворање на А1 и од овие раговори баш се гледа тоа негово оркестрирање на целиот тој случај. Јас се надевам дека во овие демократски услови, по падот на Груевски, бараме само повторно судење, чесно судење. Не велам виновен-невин. Сакаме повторно судење каде што ќе може да се види реалната причина за цел тој судски процес“. – изјавил Рамковски за ТВ24.

По повеќе од 18 година, првата приватна телевизија престана да емитува сигнал на 31 јули 2011 година. Со затворањето на А1 и отворањето на предметот „Пајажина“ без работа останаа 800 луѓе.