Проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ја именуваше проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска за нов директор на Академијата. Габер-Дамјановска е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања. Покрај нејзиниот научен опус од областа на правото и политикологијата, Габер-Дамјановска во стручната и пошироката јавност како уставна судијка е позната по нејзините издвоени мислења.

Магистрирала на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ –Скопје, насока Политички и политичко-правни науки, со магистерскиот труд под наслов „Улогата на ПАСОК во социјалистичкото движење на Република Грција“, одбранет во 1990 година, при што се здобила со академски степен магистер на политичко-правни науки.

Докторирала на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје во 1995 година со дисертација под наслов „Мнозинството во системот на политичкото и парламентарното одлучување“ и се здобила со звање доктор по политички науки.

Наташа Габер-Дамјановска активно говори англиски и грчки јазик, а има познавања и од францускиот и италијанскиот јазик. Била вклучена во бројни научни проекти и автор е на бројни стручни и научни трудови, стратешки документи, евалуации, истражувања, анализи, а исто така учествувала и во комисии за подготовка на прописи.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Јанкулоска: На 27-ми април со Миле јадевме и разговаравме за теми од наш интерес – во партијата ништо не се случуваше невообичаено

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска сведочеше за упадот во Собранието на 27-ми април. Јанкуловска потенцираше дека…