Прислушкувани разговори на обвинители во нивната зграда

Обвинителството отвори истрага за прислушкивање на фиксната телефонија на централата на обвинителството. Извлечени се податоци и се испитиваат хард дисковите.

Се истражува периодот од септември 2016 година.

-Основното јавно обвинителство Скопје започна предистражна постапка по сознанија дека во периодот од 30.09.2016 година до денеска е снимана телефонската комуникација вршена преку фиксната телефонија во објектот на Јавното обвинителство.
Имено, по првичните сознанија, снимањето се вршело на двата хард диска на телефонската централа сместена во просториите на Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија.

Ќе се утврдуваат сите аспекти од настанот, вклучувајќи проверка на тендерската документација за набавка на опремата, овластувањата за нејзино користење, како и дали, во колкав обем и за кои цели е вршена употреба на снимените податоци.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Наќевски го праша Заев дали пред мајките го споменал и името на Трајко Вељановски и што рекал за него? – Не поседувам, ниту сум видел било какви докази за негова инволвираност, освен неточни писанија од квази новинари

Во продолжение од судскиот процес Монструм родителите на убиените деца го прашаа Заев за имињата и вмешаноста на…