Претепан Тони Трајковски, судот се подготвува да го приведува

Тони Трајковски еден од обвинетите за случајот ТНТ синоќа бил претепан , настан кој полицијата го проверува. Според неговиот бранител тој бил примен во Ургентен центар со хематом и повреди. тепањето се случило по прошетка со екс градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Судијата Огнен Ставрев и неговиот колега Осман Шабани провериле дали информацијата е точна. Според нив Трајковски бил во добра општа состојба и судијата нареди да го повикаат на судењете. Ќе чекаат еден час , доколку не се појави Трајковски ќе биде приведен, најави судијата Ставрев.

По две години судење сега се води битка во часови да се донесе пресуда за случајот во кој е обвинет и Никола Груевски и Миле Јанакиески. ТНТ е предмет на СЈО а им се суди на екс функционерите за рушење на комплексот Космос на бизнисменот Фијат Цановски. Јанакиески тврдеше дека „Космос“ бил дивоградба, но призна дека уривањето било незаконско ,а а дивоградбата биле договорени Груевски и Цановски.

Total
0
Shares
Поврзани објави