Досието за „Комитите“ што скандираа антиалбански повици „Мртов шиптар, добар шиптар“  полицијата денеска го доставила до обвинителството.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до Јавното обвинителство бил испратен извештај за 16 осомничени за кривично дело говор на омраза.

тие тврдат дека деновиве работеле на решавање на двата случаи поврзани со навивачката група „Комити“  во Центар на 13 септемеври и во Ѓ.Петров на 19 септември.

„Денес до релевантното јавно обвинителство го поднесовме соодветниот извештај со сите преземени мерки и активности со цел расветлување на случаите, верификација на фактите поврзани со настаните и идентификување на лицата вклучени во овие настани, преку обезбедување видео материјали, информативни разговори “, соопшти полицијата.

Јавното обвинителство најавува дека сите активности за предистражна постапка ќе бидат преземени според Законот за кривична постапка.

“По приемот на пријавите од МВР, случајот се доделува на јавен обвинител, кој започнува да презема активности за предистражна постапка, или директно за истражна постапка” велат од ОЈ.

Од Органите на редот и истражните органи апелираат до сите навивачки групи и граѓани да се воздржат од поттикнување омраза или насилство врз расна, етничка или верска основа.

Претходните вакви случаи поврзани со навивачки групи,  не добија судски епилог. Според Кривичниот законик, казната за кривично дело говор на омраза е од 500-1000 евра за секој поединец и затвор од 1-5 години.