Пред да се преврти автобусот возачот не кочел

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која на 13 февруари годинава загинаа 16 патници. На рочиштето се повикани очевидци присутни во автобусот на компанијата „Дурмо турс“.

Сведокот Лулзим Далипи, кој седел во првиот ред, рече дека возачот, Маноли Трифуновски, шестообвинет во случајот, на денот на трагедијата во неколку наврати го користел мобилниот телефон, од поаѓањето од скопската автобуска станица до патарината кај Глумовo.

Според другите сведоци, во моментот на несреќата возачот воопшто не сопирал. Свој исказ треба да дадат уште петмина сведоци.

Total
0
Shares
Поврзани објави