Пратеници први сведоци за “27 април” за коj им се суди за тероризам на пратеници

Во петок кога обвинителството ќе ги презентира певите сведоци на судењето на настаните од 27 април лани во СОбранието. Покана за сведочење добиле пратениците Дамјан Манчевски, Илија Николовски, Фросина Ременски и Павле Богоевски кои беа нападнати и повредени во прес-центарот на Собранието.

Меѓу триесет и тројцата обвинети се нивните колеги пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнадуов и Љупчо Димовски, поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и организаторите на протестите за „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски. Единаесетмина се во притвор, а тринаесет во куќен.

До сега во воведните илзагања ниту еден не призна вина и или пропуст во работата. Адвокатот на Игор Југ го нападна обвинителството со зборовите дека тоа само го клевети дека сакл да го убие Зоран Заев и дека нема никакви докази.

„ Држењето говор е право загарантирано со Уставот а Обвинителството го препознало како сериозно кривично дело“, ќе каже еден од адвокатите.

И дел од обвинетите се обратија кон судот.

„Жалам за тоа што им се случуваше на моите колеги во прес центарот. Повеќето ги познавам и ми се пријатели“, кажа првообвинетиот Крсто Мукоски.

„Жалам за збунетоста и неуспешноста на одговорот на полицијата во моментот на влез во Собранието“, нагласи Митко Чавков, кој раководеше со оперативниот штаб на МВР кој требаше да ја гарантира безбедноста на законодавниот дом.

Total
0
Shares
Поврзани објави