Потврдена ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев за случајот “Поткуп”

Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата од Основното јавно обвинителство во врска со пресудата за предметот „Поткуп“, со што ја потврди ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев. Одлуката е објавена на интернет страната на Судот и ја пренесуваме во целост:

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.62/16 од 21.05.2018 година.

Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од локален бизнисмен за продажба на државно градежно земјиште.

Скопскиот Кривичен суд лани во мај донесе ослободителна пресуда, а околу еден месец подоцна Обвинителството испрати жалба на пресудата.

Total
0
Shares
Поврзани објави