Судијата Осман Шабани кој го води предметот „Талир“ за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ на денешното рочиште ја казни партијата со 3000 евра.

Казната дојде откако претставникот на партијата во судница Димче Арсовски на почетокот на рочиштето посочи дека еден од поротниците имал 60 години и повеќе не смеел да ја извршува функцијата судија – поротник но и дека имал политички ангажман.

Судијата Шабани му одговори дека судницата ја помешал со Собрание и дека не се дозволени политички говори. По ова Арсовски рече дека ќе го напушти судењето за што беше предупреден дека ќе сноси последици како претставник на правното лице ВМРО-ДПМНЕ.