Две и пол години од судењето за случајот „Тортура“ во кој му се суди екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и неколкумина вработени во единицата Алфи ќе почне од почеток.

Поротник си дал отказ а и судијката Александара Ристеска не дојде на судењето од здратсвени причини. Поради отказот на поротникот судењето се враќа целосно на почеток и ќе треба повторно да се помине процедурата со сослушување сведоци и изведување докази нешто што се правеше изминативе два и пол години.