По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски, Саздо

Кривичниот суд во Скопје им изрече казна затвор во траење од по 19 години за кривично дело убиство на Бесир Беља и Скендер Демири, коишто на 29 јуни 2018 година смртно го повредија дваесетгодишниот Никола Саздовски. Дополнително, обвинетите се задолжуваат да исплатат по 1.200.000 денари (19.500 евра) на родителите и на братот на убиениот.

Третоосомничениот сè уште е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана домашна и меѓународна потерница.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Обвинителката Хаџивасилева: Не сакаме да ја блокираме болницата „Жан Митрев“, обвинетиот може да понуди и друга гаранција

За предметот против Жан Митрев кој ОЈО Скопје го отвори по документарецот „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија…