Павле Богоевски: Постои ризик да пропадне и судскиот процес за сообраќајката кај Ласкарци

Ставот на Павле Богоевски активист од Шарената револуција и пратеник борец за правда и владеење на правото на својот ФБ профил објави став со кој предупредува на обид за затворање на случај во кој загинаа 16 луѓе. Богоевски посочува дека судството мора да претрпи огрзоми промени и интеренции за да се исчисти од луѓето кои направија кариери од тефтерчиња. Прочитајте го целиот негов став:

Постои ризик да пропадне и судскиот процес за сообраќајката на 13 февруари кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Таму обвинети се шест лица. Сопственикот и двајца вработени на Дурмо турс се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека други тројца вработени во станицата за технички преглед за соучество во истото дело.

Според наводите на Обвинителството, поранешен вработен во Дурмо турс изјавил дека кога автобусите се носеле на сервис во Скопје, таму се инсталирал „уред за манипулација на тахографот, дека тој уред се активирал со копче и бележел помала брзина”, со чија помош возачите можеле слободно и незабележано да возат со брзина поголема од дозволената.

На денешното рочиште, сведокот се премисли и рече дека не изјавил такво нешто.

Дали повторно, правосудните институции не успеаа да спречат влијаење врз сведокот? Ако ова се случува во високопрофилните случаи, каква е вистинската состојба со огромното мнозинство предмети кои поминуваат незабележани во јавноста?

Овој проблем е еден од фаталните рани на нашето правосудство, заедно со честите разболувања и смртни случаи кај странките во постапките, неефикасната и бавна достава актите и сличните „виткања“ на законот на штета на самите постапки.

Малку е веројатно дека овие проблеми можат да се решат со нови закони или нови реформи, без разлика колку амбициозно би биле концепирани. Не можат ни да се решат со дополнителна политичка воља на извршната власт, без тоа да биде мешање во судството.

Треба сериозно преиспитување кој се работи во тие институции. И треба конечно да сфатиме дека овој проблем не може да се реши без длабок рез во трулиот дел на судството, бидејќи освен промени во неколку раководни позиции, таму се’ уште се луѓето кои своите кариери ги изградија во времето кога се судеше по тефтер и по нарачка.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Адвокатот Дељо Кадиев: Членовите на Судски совет да дојдат во судница да ги докажат нивните препораки за безбедност во време на пандемија

По одлуката на Судскиот Совет и препораката да се одржуваат притворски предмети реагираат адвокатите кои секојдневно се во…