Во Кривичниот суд соопштија дека се уште немаат изготвено упатен акт за Никола Груевски за да издржува затвроска казна од две години за случајот на СЈО “Тенк”, односно набавката на мерцедесот за потребите на Владата. Груевски најави дека ќе ги искористи сите законски услови по добивањето на правосилната пресуда да ја обжали. Но постапката во Врховен суд трае подолго.

Дали Груевски како актуелен пратеник и што предвидуваат законските одредби ќе може и како би можел да одложи затворска казна го прашавме поранешниот прв човек на Кривичниот суд судијата Владимир Панчевски.

– Согласно важечките законски прописи сметам дека во конкретниот случај неспорно постојат законски пречки за извршување на казната затвор за Груевски како актуелен пратеник ова особено ако се земе предвид Законот за пратеници каде со чл.8 ст.1 т.2 се предвидува дека на пратеникот му престанува мандатот доколку е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 5 години што во конкретниот случај ниту се работи за кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 5 години ниту пак осудата е 5 години.

Истиот Закон за пратеници во чл.10 предвидува должност на пратеникот да присуствува на седниците на Собранието што значи негова законска обврска да биде присутен на седниците и работата на Собранието за периодот во кој ја врши функцијата пратеник.

Ова преточено во правна терминологија на извршување на казната од две години значи дека на овој пратеник нема да му престане мандатот и истовремено законската обврска на пратеникот од членот 10 од Законот за пратеници па согласно членот 89 став 4 од Законот за извршување на санкциите ова претставува законска пречка и причина за одлагање на извршувањето на затворската казна до истекот на пратеничкиот мандат за кој е избран бидејки осуденото лице во случајов пратеник законски е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета по работата на Собранието на Република Македонија, појасни за dosie.mk судијата Владимир Панчевски.