Судијата на претходна постапка во штипскиот Основен суд попладнево им изрече мерка притвор во рок од осум дена на двајцата штипјани кои пред два месеца тепале и малтретирале девојка во станбена зграда. Судот повторно ќе одлучува наредната недела, откако обвинирелот ќе го достави обвинителниот предлог. Двајцата насилници веќе се во кумановскиот затвор.

Постапувајќи по поднесениот предлог за определување на притвор, на ден 03.04.2020 година, судијата на претходна постапка на ОС Штип ги испита јавниот обвинител, осомничените и нивниот бранител поставен по службена должност на околности од значење за одлучување по предлогот за определување на мерката притвор, по што донесе решение со кое го уважи предлогот на ОЈО Штип и на двајцата осомничени, поради постоење на основи на сомнение за сторување на наведеното кривично дело, им определи мерка притвор во траење од по 8 (осум) дена, согласно чл.470 ст.1 т.2 од Законот за кривична постапка, која мерка притвор ќе се извршува во КПУ Затвор Куманово, се вели во соопштение на ОС –Штип