Драган Павловиќ Латас , Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ добија ослободителни пресуди за градбите на викендиците.

Драган Павловиќ – Латас и неговите двајца браќа се ослободени за бесправно изградените куќи во скопското село Зелениково. Според СЈО, Латас иако знаел дека немаат градежна дозвола и бил свесен дека куќите може да им бидат урнати, нивната градба продолжила. Адвокатите на браќата Павловиќ во завршен збор оспорија дел од доказите на СЈО кои ги презентираа во текот на постапката. 

Пресудата не е правосилна СЈО најави жалба.