Одлука на Уставен суд: Политичка дискриминација врз членови на Левица

Во ОДЛУКАТА на Уставниот суд на РМ со која, за прв пат во поновата правна историја, се утврдува политичка дискриминација и ограничување на слободата на изразување на нашите членови се вели:
„Полицијата била свесна и знаела дека овие лица се припадници на политичката партија Левица, бидејќи истите ги носеле симболите на партијата, групирани посебно, т.е. одделно од другите присутни на манифестацијата – што упатува на фактот дека во конкретниов случај постои дискриминаторско однесување на припадниците на полицијата исклучиво само спрема подносителите на апликацијата со кое се создава различен, нееднаков третман во споредба со другите лица кои биле присутни на јавниот настан, кое однесување се заснова на политичка припадност на подносителите на барањето.
Различниот третман, како основа за дискриминација, се состои во тоа што едната група на лица присутни на настанот – кои го поминуваат овој настан и кои го разгледуваат оружјето – не се попречуваат во искажување на својата мисла и не се лишуваат од слобода, а од друга страна, е присуството на подносителите на барањето кои не го попречуваат правото на ниту еден граѓанин, без да манифестират насилство, а единствено што сакале е испраќање на порака со транспарент на кој има напис ‘Против војните за профит’ – што значи јавно изразување на мислата, што е уставна категорија“.
Целата одлука на следнот линк : Уставен суд

извор: Левица

Total
0
Shares
Поврзани објави