Одбраната на „Монструм“ најави кривична за фалсификување вештачење

Адвокатот на обвинетите во случајот „Монструм” Насер Рауфи ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, поради фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир.

Адвокатот Рауфи повтори дека нивниот став оти случајот е монтиран е потврден со денешниот исказ на сведокот Николовска дека ова вештачење е фалсификувано.

– Самиот вештак Снежана Николовски призна дека државата нема метода да прави анализа на земјата, која е една многу тешка анализа. Таа призна дека при вештачењето го има употребено само методот на компарација, односно само бојата на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. И на нашите прашања, но и на прашања на Обвинителството таа призна дека го има фалсификувано нејзиниот извештај, односно нема направено анализа на елементите на земјата“, изјави Рауфи.

Според него, вештакот Николовска по пети пат сведочи и секој извештај бил  различен.

Од друга страна адвокатот на оштетените семејства во судскиот предмет за Смилковско Езеро, Дафинка Ивановска, истакна дека вештакот (сведокот) Николовска, ги кажала методи, но не кажала дека всушност таа земја не припаѓа од тие места од кој што анализирала.

Total
0
Shares
Поврзани објави