Одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески побара ослободување од вина.

Адвокат Димитар Дангов смета дека Јавното обвинителство треба да го повлече обвинението пред судот да донесе ослободителна пресуда бидејќи делото за кое е обвинет Јанакиески не е кривично дело според законот.

Во обвинителниот акт, според адвокатот нема ниту еден доказ за тоа дека Јанакиески сторил некакво кривично дело.

Анализирајќи го обвинителниот акт, адвокатот Дангов рече дека обвинителството со ниту еден свој чекор и постапка не докажало вина за обвинетиот негов клиент.

Според него, ако обвинителството не го повлече обвинението тогаш судот треба да донесе ослободителна или одбивателна пресуда.