Од судниците на Кривичен : Латас доби транскрипт од бомбите, Груевски нови докази од СЈО

Во Кривичниот суд за случајот Тенк односно набавката на луксузниот мерцедес Специјалното јавно обвинителство денеска донесе и предаде во судот нови докази. Иако одбраната на обвинетиот Никола груевски реагираше на ваквата постпака, сепак судот дополнително ќе одлучи дали овие докази ќе ги рпифати. Овој предмет беше пред завршница но не е јасно дали новите докази доколку ги прифати судот и бидат предмет на анализа ќе ја продолжат оваа постапка за која јавноста прогнозираше прва пресуда уште оваа седмица. За случајот обвинета е и поранешната министерска за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но поради ризична бременост постапката за не е одвоена.
Истовремено по подолг период во судот се појави и новинарот Драган Павловиќ Латас, кој од судот побара да ги добие транскриптите од 40-те прислушувани разговори за случајот во кој е обвинет „Тотал“. На ова барање се спротивстави обвинителката на СЈО и појасни дека овинетиот и неговите бранители биле повикани во СЈО да ги преслушаат разговорите, но тоа не го сториле. Судот сепак дозволи на Латас да му бидат предадени транскрипитите по што судењето продолжува на крајот од месецот. Предметот „Тотал“ е за даночно затајување против Латас, како сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Обвинетиот се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Според СЈО, правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра.

Total
0
Shares
Поврзани објави