Обвинителството се жали на ослободителна пресуда за дедо Љубе кој пукаше за да се спаси од разбојници

Кумановското обвинителство ја обжали пресудата со која беше ослободен од вина Љубомир Митев (79) од Којково, Кратовско познатиот дедо Љубе за обид на убиство и ранување на напаѓачот во неговиот дом.

Обвинителството со оглед дека го изгуби спорот мора да поднесе жалба на првостепената пресуда за таа да биде потврдена од Апелациониот суд во Скопје, но судот има можност пресудата и да ја укине или преиначи.

Случајот на дедо Љубе стана актуелен откако јавноста дозна дека дедото бил нападнат во својот дом од насилници и пукал за да се одбрани од нив. Разбојништвото беше 2013 година во планинското село Којково. Двајца разбојници го нападнале дедото и сопругата , но дедо Љубе успеал да грабне ловеќка пуша и да пука . Едниот го уби другиот го рани.

Total
0
Shares
Поврзани објави