Обвинителството ќе ја обжали пресудата за несреќата кај Млечен ресторан

Јавното обвинителство ќе поднесе жалба до Апелациониот суд за пресудата за условна казна во случајот на сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан, во која загина едно лице а друго беше тешко повредено.

Обвинителството објаснува дека против сторителот поднел кривична пријава за дело тешки дела против безбедноста на луѓето, за кое е предвидена затворска казна од еден до пет години.

„Во текот на претходната постапка, од страна на надлежниот јавен обвинител беа преземени сите потребни истражни дејствија – испитување на обвинетиот, испитување на оштетената, изготвување на сообраќајно-техничко вештачење, изготвување на медицинско вештачење за видот и карактерот на повредите на оштетената и прибавување на обдукцискиот протокол од извршената обдукција на оштетениот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа.“, стои во соопштението на Јавното обвинитеслтво.

Обвинителството тврди дека од анализа на сите обезбедени докази и утврдената состојба, од кривично-правен аспект неспорно констатирал дека обвинетиот кривичното дело го сторил од небрежност, а не од умисла, бидејќи не направил сообраќаен пропуст кој би укажал на тоа дека свесно и волево ја предизвикал штетната последица – на раскрсница навлегол на зелено светло и возилото не го управувал под дејство на алкохол.

„По признанието на вина од страна на обвинетиот јавниот обвинител, во завршен збор, детално направи анализа на сите околности во поглед на изборот на видот на кривична санкција и одмерување на истата, при што посебен акцент даде токму на состојбата во која била оштетената и штетните последици кои што настапиле од сообраќајната незгода, како во поглед на смртниот исход кај еден оштетен и предизвикувањето тешки телесни повреди кај оштетената, утврдени врз основа на обезбедените докази во претходната постапка и приложени со обвинението, така и во поглед на новоприложената медицинска документација“, се потенцира во соопштението на ЈО.

Total
0
Shares
Поврзани објави