Обвинителството ја повлече жалбата за Мијалков со која бараше затворски притвор

Одделението за организиран криминал и корупција раководена од обвинителката Вилма Рускоска ja повлече жалбата која што беше упатена до Кривичниот суд откако претходно тие бараа мерка притвор за Сашо Мијалков, а Кривичниот суд му одреди поблага мерка, односно мерка куќен притвор.

Сега оваа жалба е повлечена и Мијалков од попладнево, откако ќе му биде врачено решението ќе биде во куќен притвор со електронски надзор, а тоа значи дека Мијалков на себе ќе носи електронска алка преку која службите постојано ќе го имаат под контрола.

Total
0
Shares
Поврзани објави