Обвинителство : Законот за пробација ќе го намали бројот на притвори

Јавното Обвинителство на Република Македонија го објави извештајот за своето годишно работење во кое детално и графички се дадени сите активности на институцијата. Она што е значајно да се напомене дека и во текот на 2017 година законодавниот дом не ги донесе и повеќе од потребните измени на Законот за јавното обвинителство, на кои Јавното обвинителство инсистираше да бидат донесени уште пред започнувањето со примена на новиот Закон за кривична постапка. Овои измени се значајни во однос на надлежностите на
јавните обвинители. Во овој момент, јавните обвинители своите надлежности, права и обврски ги црпат од Законот за кривична постапка, наместо од својот матичен закон, Законот за јавното обвинителство, кое нешто е неприродно и може да донесе правни проблеми во пракса.

Во продолжение дел од извештајот.

“Мерката притвор во 2017 година од основните јавни обвинителства во подрачјата на четирите виши јавни обвинителства е применета против 451 лице, што во однос на 322 лица во 2016 година е зголемување од 129 лица.

Од годишните извештаи на јавните обвинителства произлегува дека мерката притвор против 226 лица била со времетраење до 30 дена, против 53 лица била со времетраење до 60 дена, против 75 лица била со времетраење до 90 дена и против 97 лица мерката притвор траела над 90 дена.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувало против 97 лица на кои им бил определен притвор, куќен притвор против 15 лица и други мерки на претпазливост против 15 лица.

Овие показатели укажуваат дека мислењето во јавноста дека основните јавни обвинителства премногу често ја предлагаат оваа најстрога мерка на обезбедување на присуство, е неосновано, бидејќи постојат основани причини согласно законските основи за определување на притвор. Статистиката покажува дека дури и против лицата кои се гонат за сериозен организиран криминал и корупција кои се во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во сите случаи не се користи оваа мерка, туку само таму каде навистина користењето на другите видови на мерка не би ја постигнале целта на кривичната постапка. Дотолку повеќе што и во тоа јавно обвинителство како што се утврдува од статистичките податоци постои нагорен тренд на поголемо користење на другите видови на мерки.

Јавното обвинителство е на мислење дека откако de facto ќе започне примената на Законот за пробација, предлагањето на мерката притвор дополнително ќе се намали.

Како и во изминатите години, мерката притвор била најприменувана спрема сторителите на кривични дела: против имотот во 108 случаи, против јавниот ред и мир во 52 случаи, против здравјето на луѓето во 118 случаи, против животот и телото во 53 случаи, против човечноста во 28 случаи и кривични дела против државата 32 случаи.

Јавното обвинителство во заклучокот забележува дека примената на Следењето и прислишкувањето односно посебни истражни мерки се клучни за борба против тежок вид на криминал како на пример борба против трговија со дрога. Но оваа мерка се применува со намален обем , што ја отежнува работата на обвинителството. Еве го заклучокот ја обвинителството во врска со ова:

“Со примена на посебните истражни мерки зголемена е ефикасноста на органите на кривичниот прогон во борбата против организираниот криминал и корупција.
Забележително е дека примената на посебните истражни мерки во текот на 2017 година има тренд на намалување во однос на 2016 година, и тоа 29% кај бројот на случаите и 22% кај бројот на лица кои биле опфатени.
Ваквиот тренд е резултат, делумно на рестриктивната политика во примена на посебната истражна мерка од чл.251 ст.1 т.1 (Следење и снимање на телефонските и други електронски комуникациии) и мерката од чл.251 ст.1 т.3 (Тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од домот или деловен простор означен како приватен), заради заштита на основните човекови слободи и права, а особено правото на приватност. Мерките се применувани само во ситуации во кои не може со конвенционални методи да се прибават докази. Исто така, треба да се нагласи дека зголемената примена на ПИМ мерките во текот на 2016 година се должеше и на кризата и пренесувањето на мигранти што беше користено од организирани злосторнички групи заради остварување нелегален профит.
Видот на кривичните дела кои служеле како основ за примена на посебните истражни мерки укажува на тоа дека јавното обвинителство во текот на 2017 година, се соочи со предизвикот како во борбата против организираниот криминал кој е поврзан со нелегалната трговија со наркотици, така и со другите кривични дела на организиран криминал.
Детерминираноста на примената на посебните истражни мерки во борбата против организираниот криминал и корупција, произлегува од потребата за сузбивање на дејствијата во една претходна постапка и обезбедуање квалитетни докази за кривичен прогон. Во спротивно борбата против овој тежок криминал би била неефикасна.
Потребата од овој вид на мерки за обезбедување на докази, се потврдува и со фактот што значителен број истраги во кои биле користени, завршиле со покренување обвинение и осудителни пресуди”.

целиот извештај на ЈОтука

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ацо Колевски – обвинителот кој побара укинување притвор на Кочан додека беше во бегство, нов претседател на Советот на јавни обвинители

Едногласно без противкандидат и зад затворени врати членовите на Советот на јавните обвинители го избра обивнителот Ацо Колевски…