Обвинетите за убиство на Саздо ќе докажуваат дека причина за смртта била канделабра а не тепање

Обвинетите за смртта на Никола Саздовски тврдат дека не се виновни. Нивната одбрана ќе докажува дека немало умисла кај обвинетите да го убијат.

– Сметам дека ќе успееме да докажеме дека причина за смртта е металната кутија, односно канделабра од ЕВН, која се наоѓала на автобуската постројка. Нема свирепо убиство кај човек кој е во бесознание. Свирепо убиство претставува свест кај сторителот дека жртвата страда, рече адвокатот на обвинетиот Бесир Беља, Насер Рауфи.

Одбраната ќе ја докажува невиноста на обвинетите преку реконструкција со увид на настан, испитување на обвинетиот и фотографии. Обвинетите за убиството на 20-годишниот, Никола Саздовски, Бесир Беља и Скендер Демири се изјаснија дека не се чуствуваат виновни за убиството.

Прва која треба да сведочи е довојката на Саздовски која е малолетна и пред судот кажа дека имала закани по телефон од непознати во врска со сведочењето.

Total
0
Shares
Поврзани објави