Немало вештачење на земјата и возилото во случајот Монструм

На денешното рочиштето за случајот „Монструм”, вештакот Весна Антиќ, кој во 2012 година бил главен инспектор за хемиско испитување при МВР, рече дека на времето не е направено вештачење на земјата и на возилото Опел Омега, туку само анализа, која констатирала дека примероците од земјата се совпаѓат едно со друго.

– Ниту едно вештачење на земја немам направено. Земјата од Смилковско Езеро и од возилото е анализирана, не е вештачена. Не сум имал задача од претпоставен. Има разлика меѓу анализи и вештачења. Вештачењето е нешто поголемо од вештачење, изјави вештакот Антиќ.

Одбраната на обвинетите изрази сомневање за целата постапка за вештачење на земјата.

– Овој вештак нема направено вештачење, туку само анализа за кое немаме никаков записник, ниту извештај од нејзина страна. Вештакот рече дека анализата е направена од две примероци и тие се скенирани, но на 20 април 2012, а не на 14 како што збореше цело време. Само датата кажува дека анализата е направена после вештачењето на вештакот Снежана Николовска. Ова кажува дека се работи и за уште еден фалсификат. За ова сме должни да поднесме две кривични пријави, а не само една како што најавивме, изјави адвокатот Насер Рауфи.

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро е при крај и се очекува Обвинителството да даде завршен зборо за предметот,  кој Врховниот суд го врати на потвроно одлучување.

Како главен судија за овој предмет е назначен судијата Огнен Ставрев. Додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави