Неизвесна седницата на Апелација за “Тенк”, Груевски бара за изземање на судиите

Почна јавната седница во Апелациониот суд, на која се одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот на СЈО „Тенк“, но веднаш по почетокот беше прекината откако адвокатите на осудените побараа одложување на седницата поради обврски на други судски процеси.
Судскиот совет, кој одлучува по жалбата е во состав Цветанка Периќ, Тања Милева, Тања Дуковска, Зоран Димитриевски и Енвер Беџети, даде пауза за да се произнесе по барањето. По паузата соошти дека нема основи за одлагање по што адвокатите побараа изземање на судскиот совет оти не можат да присуствуваат на судски рочишта со приоритет со што ќе се загрзори правото на одбрана на обвинетите.
Вчера судскиот совет ја одложи јавната седница поради отсуството на Груевски и неговите четворица адвокати кои присуствуваа на друго судење. Груевски во случајот за набавка на „мерцедосот “ од 600 илјади евра како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, исто така осуден е и поранешниот помошник министер на МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави