Најмногу предмети рачно распределени во Кривичен во време на вд шефот Рибарев

Kомисијата на Министерството за Правда која го испитуваше работењето со АКМИОСОТ во Кривичен наводно открила 859 предмети на КС кои не биле распоредени кај судии.
Од вкупно 859 предмети на КС што наводно ги открила комисијата во времето на Владимир Панчевски за цел мандат се 69, а Стојанче Рибарев и Тања Михајлова ги имаат остатокот 790 КС предмети. Дел од предметите го опфаќаат и периодот на шефување со Кривичен на Лидија Неделкова. За начинот на кој се делеле предметите Стојанче Рибарев тврдеше дека немало процедури и така во судот се појавил како што тој го нарече двоен АКМИС. Според документите на dosie.mk од 2013 во судот неспорно од стеана на претседателот на судот била формирана Работна група на чело со администраторот Спасов која изготвила годишен план и редовно давала извештаи до Судскиот совет се до ноември 2016 кога Спасов заминува во пензија. Во 2014 година во судот се дадени задолженија до КС и секаде каде што немало употреба на АКМИС се определени точни процедури на постапување согласно Судскиот деловник. Таму кад ешто нема АКМИС има процедури по Законот за управување и движење со предмети и деловничко задолжување.
Се работи за предмети од судските уписници во одделението Кривичен совет популарно наречен КС и тоа уписниците КП (помилувања), К-ПОВ (повторување на постапка), КС-КР (екстрадиции, трансфери, жалби на трошоци, бришења на осуди, спој на единствени казни, превентивни мерки, гаранции и продолжување или укинување на притвори, УОПК (условен отпуст), ВУК (вонредно ублажување на казна) и други слични уписници за дејствија на судот кои не се видливи и така популарни за јавноста. Во овој оддел работат повеке службеници и тоа во судот има три вакви оддели, еден обичен КС за Кривично полнолетни сторители, еден КС за малолетници и еден КС за одделението за организиран криминал. Во двата КС оддели има распоредено службеници и стручни соработници кои администрираат со судските предмети па така на пример за еден КС предмет на бришење на осуда со ознака КС-КР, судскиот службеник Уписничар – Врз основа на примениот поднесок-писменото со кое се формира предмет, го заведува истиот ден а најдоцна наредниот работен ден во соодветниот уписник „КС-КР“, го формира предметот, изготвува нова обвивка и го доставува до службеникот кој постапува по предметите од тој уписник, физички и преку Акмис ситемот. Судскиот службеник што постапува по предметите веднаш започнува со прибавување на кривичните предмети, па прибавувањето на истите ги доставува до судскиот соработник на кого му е доделен во работа (физички и преку Акмис системот), а Судски соработник – Го разгледува предметот и веднаш постапува по истиот односно прибавува извод од крим. Евиденција. Откако се прибавени сите предмети и изводот од крим. евиденција предметот се доставува на мислење во ОЈО и во зависност од бројот на предметите за кои се бара бришење го реферира, така што доколку се бара бришење – до 5 осуди, се реферира во рок од 3 дена од приемот на мислењето, а доколку се бара бришење на повеќе од 5 осуди во рок од 10 дена од приемот на мислењето.
Целиот овој процес на судско постапување претходи на одлуката која треба да ја донесе Кривичниот совет составен од тројца судии кои се определени врз основа на Годишниот распоред за работа во судот, а тоа се сите судии кои постапуваат во Кривичниот оддел што значи од заведување до подготвување на предметот со обезбедување на сите потребни мислења, предмети и акти за да можат тројцата судии да одлучат може да помине и по повеке денови до одлуката, а денот кога се носи одлуката се евидентира како одлука на конкретен претседател на кривичен совет и судиите кои учествувале во тој совет.
Овој процес на постапување е ваков со десетици години наназад и не е променет, а принципот на евиденција во моментот кога е донесена одлуката е поради бавното обезбедување предуслови (мислење од ОЈО, прибавување предмет од друг суд, податоци од затворски установи) за кривичнот совет да одлучи бидејки во спротивно предметите во овој оддел би ги надминале законските рокови за нивно решавање. За ова прашање поранешниот претседател до сите вработени во КС уште веднаш под СУ.бр.347/14 дал и насоки за постапување заради ажурност на судот и судските служби и тоа токму во врска со примена на Законот за управување и движење на предметите. Оваа состојба е многу добро позната на сите фактори во правосудството и не случајно Комисијата го знаела овој факт дека во Кривичен има илјадници вакви КС предмети со оглед на територијата која ја покрива овој суд наспроти судот во Кавадарци на пример.

Total
0
Shares
Поврзани објави