На пратеникот Милошоски ќе му се суди за продажба на објект

Основниот кривичен суд соопшти дека обвинението за случај „Моќник“ против 13 лица, меѓу кои  се и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и татко му, е одобрено. Тоа значи дека Советот за оценка на обвинението ги одбил приговорите на обвинетите.

„Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, велат од судот.

Обвинението против Милошоски и неговиот татко се однесува на купената зграда со наводна измама и за нарачена лустрација.

Скопското обвинителство стои зад обвинението, а истрагата ја водеше обвинителката Фатиме Фетаи, која претходно работеше во СЈО.

Сите 13-мина се товарат за вмешаност во нелегална продажба на објект во село Ижишта, кој го користела општина Пласница.

Двајца се обвинети дека сториле измама, а останатите за измама и злоупотреба на службената положба и овластување, каде најниската казна е 5 години затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави