На Груевски нема да му се суди посебно оти “Траекторија” ќе застари

На Никола Груевски да му се суди во отсуство, да биде издаден налог за притвор за предметот на специјалното јавно обвинителство „Траекторија, побара обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, а судот ова го одобри. Стефанова рече дека би било целисходно да се води единствена постапка со оглед на тоа што доказите се поврзани со сите обвинети. Но исто така ако му се одвои постпката додека се доведе на судење постои опасност предметот да застари.

Адвкатот на Груевски, Еленко Миланов, побара раздвојување на постапката за Груевски, а не судење во отсуство. Стефанова, пак, рече дека не постојат услови, ниту правни причини, постапката за Груевски да биде раздвоена. „Ако сакаше да присуствува, немаше да избега од Македонија“, рече обвинителката. Ако се врати, додаде, сите правни механизми му се на располагање.

Случајот „Траекторија“ се однесува на злоупотреби поврзани со изградбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид и во него, освен Груевски, обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението што го покрена СЈО, тие му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да стекне имотна корист.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Писмото од Агелер доведе до судир во Судскиот совет: се бара разрешување на Дамева, таа тврди дека e порадии избор на судии – Ке си одам со крената глава

Потпретседателот на Судски совет Селим Адеми побара претседателката Весна Дамева да биде разрешена на денешната седница. Тврди дека…