Му се заблагодарија на Заев: Осудени за убиство на ослободени од доживотен затвор

Наим и Рамиз Асани осудени на доживотен затвор за убиството на 17-годишниот Енис Исмаили, 14-годишниот, Енгин Исмаил и 18 годишниот Раметула Ибиши, во 2006 година во скопската населба Серава , неодамна излегоа на слобода. Веста за ова, како што пишува весникот КОХА ја споделиле многу жители на Арачиново од каде што се и обвинетите.

Дури и Фејсбук профилот на СДСМ Арачиново му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за ослободувањето доживотен затвор на Назим и Рамиз Асани, а му се заблагодари и Градоначалничката на општината, Миликије Халими.

Фејсбук статусот на СДСМ-Арачиново:

Alhamdulillah
Наим Асани и Рамиз Асани од Арачиново се ослободени од доживотен затвор.
Благодарност до премиерот Зоран Заев и градоначалничката на општина Арачиново Миликије Халими, што овозможи правдата да биде воспоставена.
Благодарност до сите пријатели, добронамерници.

Тројното убиство, потсетува КОХА, се случи во чајчилница во населбата Серава пред 13 години, кое го потресе не само Скопје, туку целата земја. Како резултат на ова тројно убиство, тоа време во Скопје се одржуваа масовни протести. Во меѓувреме, обвинетите Наим и Рамиз Асани беа уапсени една година по овој настан, односно во 2007 година.

Полициските извештаи од тоа време, објаснувајќи ги мотивите на овој сериозен настан, покажаа дека Наим и Рамиз сакај ќи да се одмаздат за убиството на Агим Асани (нивен роднина) кој беше убиен во Јануари 2006 година, пукале кон приситните во интернет кафе. Двајцата беа осудени на доживотен затвор.

извор Коha.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави