Монструм: Вработените во МВР не се сеќаваат кој пријавил за пронајдената „омега“

Четворица вработени во Министерството за внатрешни работи, на денешното рочиште за убиството кај Смилковското езеро, сведочеа за процедурите на 12 април 2012 година кога им било јавено за настанот.

Сведоците за дел од настаните се сеќаваа до детали, но за тоа кој пријавил за најдената „опел омега“, не можеа да одговорат, правдајќи се дека поминале 8 години од настанот.

Еден од нив, кој се уште е вработен во Центарот за известување при МВР, кој бил на работа на 13 април 2012 година рече дека не се сеќава дали преку „совесен граѓанин“ или преку „полициска патрола“ било пријавено дека е најдено возило паркирано покрај патот, но се сеќава дека по пријавата постапил според процедурата. Сведокот им посочи на судиите службено да побараат од МВР да им достават листа за тој ден со што би дошле до одговорот како стигнала пријавата до Центарот.

Според адвокатката Дафинка Ивановска, која ги застапува родителите на убиените деца, изјавите на сведоците се поклопуваат со она што е запишано во записниците и службените белешки кои претставуваа доказен материјал во предметот.

Порад тоа, таа констатира дека сведоците не кажал ништо што се истакнува, туку потврдува дека инспекторите и началниците работеле по нивните протоколи и правилници, во содејство со јавниот обвинител и со истражен судија, кој ги дава наредбите за обезбедување на доказите од Смилковското езеро кое било обезбедено веднаш после дојавата на настанот после 22:30 часот.

Со изнесување на докази од обвинителството, судењето за предметот „Монструм“ треба да продолжи на 21 септември.

На едно од претходните рочишта, поранешен припадник на МВР, кој на 13 април 2012 бил на местото Враживир и имал за задача да го фотодокументира автомобилот, сведочеше дека возилото за кое се тврди дека го користеле извршителите на убиството, било пронајдено исчистено.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Објавена пресудата на Управниот суд: Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција

Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција, пресуди Управниот суд по тужбата…