“Монструм” се суди повторно оти не е јасно дали е тероризам или убиство

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски вечерва на емисија “Само Вистина” на Канал5 појасни дека судскиот процес Монструм е вратен на повторно судење оти не е добро дефинирано кривичното дело. Според судиите на Врховен не е јасно дали се работи тероризам или петкратно убиство. Исто така дел од доказите не биле доволно аналиризани особено оние кои се поврзани со автомобилот аскона кој беше пронајден неколку часа по убиството. На него беа најдени траги на земја но и капка пот на задносто седиште , која обвинителството тврдеше дека е на еден од осомничените.
Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута со правосилна пресуда на Апелациониот суд Скопје беа осудени на доживотна казна затвор за петкратното убиство што на 12 април 2012 година, Велики Четврток, се случи кај Смилковското езеро. Единствено oбвинетиот Сејди Рами беше ослободен од обвинение бидејќи Судот немаше цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот.
Пресудата е укината како и притворот за осудените по жалбите на нивните адвокати. Ним им е наложено да не го напуштаат Скопје и редовно да се јавуват во судот.
Случајот во првостепена постапка го водеше обвинителката Гордана Ѓешкоска која во текот на судскиот процес постојано тврдеше дека случајот и убиството се акт на тероризам извршен на голем верски празник.

Total
0
Shares
Поврзани објави