Милошоски: Обвинителката материјалот ќе го вклучи во предметот за “Меѓународен сојуз”

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предаде аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.

-Обвинителката беше коректна, направи записник по предадениот материјал и рече дека ќе го вклучи во истрагата за Меѓународниот сојуз. Како што кажав, овие записи покажуваат дека
Зоран Заев знаел за финансирањето на оваа невладина организација и на 1ТВ, рече Милошоски.

Во истовреме пристигна соопштение од Обвинителство кое објави дека по разгледување на материјалот ќе донесат јавнообвинителска одлука.

Снимката што денеска ја предаде во Обвинителството, Милошоски минатата недела ја презентираше на седница на собраниска комисија. Онаа која не можеше да ја пушти не е предадена.

Total
0
Shares
Поврзани објави