Мила Царовска ќе го тужи Боки 13

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска демантира дека кога била министерка за труд и социјална политика му давала поддршка на Бојан Јовановски. Тој на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ укажа на соработка со тогашната министерка Царовска.

Парите кои се уплаќани кај Љиљана Тодоровска и Јасна Мандиќ се за авторските права за идејното решение за што се е легално и имаат платено данок. Поддршка имав и од Мила Царовска тогашната мининстерка за социјала, од Оливер Спасовски, а бевме на прием и кај екс премиерот Зоран Заев. Ние всушност функцииниравме како министерство за социјала згрижувавме деца и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање?, рече Боки 13 во својот воведен збор.

Царовска остро демантира каква било поврзаност со проект и каква било соработка со невладината Меѓународен Сојуз, а најавува и тужба против Боки 13 за клевета.

Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично  ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки, вели Царовска.

Total
0
Shares
Поврзани објави