Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ не ги организираше протестите и насилствата во Собранието

Ниту партијата, ниту партиските функционери не ги организираа протестите на „Заедничка Македонија“а подоцна и упадот и насилствата во Собранието што се случија на 27 април 2017 година. Ова е исказот на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска се појави како сведок на судскиот процес против организаторите на „крвавиот четврток“.

„Тоа што го кажав во судница е дека народот тој ден, а не само тој ден, туку и неделите и месеците претходно се самоорганизираше. Бројката варираше од неколку стотини до неколку илјади присутни. На дел од тие простести, кога можев, бев и јас. Протестиравме против погрешните политики во најава кои тогаш беа актуелни во државата и ценам дека на тој начин е демократско право во секоја демократска држава да се изрази револт и протест против определени девијантни однесувања на политички партии. Во случајот то беше СДСМ и сето она кое во тој период СДСМ го најавуваше“, изјави Мицкоски по рочиштето.

Тој потврди дека контактирал со истомисленици и јавни личности околу протестите и учеството во нив, и нагласи дека ВМРО – ДПМНЕ и тогашното раководство не стои зад протестоте и упадот, вклучувајќи го и бегалецот Никола Груевски. Обвини за мотиран процес, хајка на неистомисленици но и дека можеби СДСМ стои зад настаните.

„Ниту Извршниот Комитет, ниту било кој член на ВМРО – ДПМНЕ е дел од организацијата. Ова е самоорганизирање на народот во тој период. Овде е очигледно дека станува збор за монтиран политички процес кој има единствен цел да нанесе штета на ВМРО – ДППМНЕ, процес кој има цел да врши политички терор врз членовите и симпатизарите на ВМРО – ДПМНЕ. Политички процес од кој некој профитираше а некој загуби. Јас ценам дека по 27 април сериозно загуби ВМРО – ДПМНЕ а веднаш по тие настани СДСМ и Зоран Заев направија Влада. Никако тој што загуби од тој процес не може да биде инспиратор, сценарист и оперативно да го спроведе. Јас би се задржил на тоа кој профитираше и кој имаше бенефит од сето тоа . После тој ден ништо не е исто“, рече Мицскоскио.

извор и фото: voanews.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави